Респираторна физиотерапија се спроведува со респираторни вежби (координирано со кинезитерапија или со поттикнувачки спирометар), постурална дренажа, перкусиона и вибротерапија и со неинвазивна механичка вентилација. Со респираторна физиотерапија се подобрува оксигенација и размена на гасовите во целиот организам, се елиминира насобраниот секрет, се зголемуваат белодробни волумени, зајакнува респираторна мускулатура и со тоа се олеснува дишење.
Интермитентен CPAP(continuous positive end expiratory pressure) третман е инструметален метод во респираторна физиотерапија каде се континуирано оддржува позитивен алвеоларен притисок во текот на целиот респираторен циклус, со помош на машина за механичка вентилација CPAP терапија се користи при одвикнување на пациентите од механичка вентилација, каде што е потребно одржување на отвореност на алвеолите и подобра оксигенација, како и да се зголеми резидуалниот белодробен волумен и да се подобри парцијалниот притисок на кислород.Со овој третман се подобруваат перформанси на дишната мускулатура и намалува дишната работа, се зголемува парцијалниот притисок на кислород во крвта и се олеснува елиминација на трахеобронхијален секрет.